Дома Фудбал Интер во драматичен финиш се спаси од пораз во градското дерби

Интер во драматичен финиш се спаси од пораз во градското дерби

Милан и Интер одиграа фантастично дерби со драматичен финиш, кое на крајот заврши без победник со резултат 1:1.

Првиот гол на натпреварот го постигна Тижани Рејндерс во 45-та минута, кога налета на одбиена топка и ја смести во мрежата на Интер.

„Нероаѕурите“ во второто полувреме беа подобар противник, а Милан главно беше ориентиран  да го задржи водството.

Интер дури три пати ја погоди стативата, а израмнувањето дојде во 93-та минута со голот на Де Врај по асистенција на новото засилување Залевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конса му ја отежнува задачата на Салиба, Сити заглави во серија порази

Арсенал ја чува мрежата, но враќањето на Салиба отвора дилема во одбраната. Манчестер сити…