Дома Фудбал Интер ќе биде без Тирам околу еден месец

Интер ќе биде без Тирам околу еден месец

Напаѓачот на Интер, Маркјус Тирам, ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повреда на бутот, известуваат италијанските медиуми.

Францускиот репрезентативец првично го потцени проблемот по победата на Интер со 3:0 против Славија (Прага) во Лигата на шампионите во вторникот навечер, но последните прегледи покажуваат дека ќе биде потребно подолго отсуство од игра – барем до 25 октомври.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова значи дека Тирам ќе ги пропушти клучните натпревари во Серија „А“, вклучувајќи го и двобојот со Рома на 18 октомври, натпреварот од Лигата на шампионите со Роајл Унион СЖ на 21 октомври и евентуално гостувањето против Наполи на 25 октомври.

Во оваа ситуација, со напорниот распоред со натпревари, главниот тренер на Интер, Кристијан Киву, ќе се соочи со тешка задача да ја промени нападот на тимот. Досега, Тирам има постигнато пет голови и две асистенции во седум натпревари оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим се враќа на работа: Се посрамоти во Јунајтед, но сега добива работа од соништата!?

Рубен Аморим повторно се најде во центарот на вниманието на европските медиуми откако во А…