
Интер брзо најде алтернатива за зајакнување на позицијата десен халф-бек по одбивањето на ПСВ Ајндховен да го пушти Иван Перишиќ назад во миланскиот гигант, објавува Фабрицио Романо.
Така, „нераѕурите“ се во напреднати преговори со Ѓенова за Брук Нортон-Кофи. Интересно е што големиот ривал Јувентус исто така испратил понуда за младинскиот репрезентативец на Англија: позајмица со обврска за купување при пласман во Лигата на шампионите, како што откри Џанлука Ди Марцио вчера.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, понудата на Интер е за постојан трансфер на 22-годишниот играч уште сега, што го доближува повеќе до „Џузепе Меаца“.
Младинецот на Арсенал премина во Ѓенова летото 2024 година, кога „грифоните“ платија 2 милиони евра на „топџиите“ за него. Оттогаш одржа 36 натпревари со 1 гол и 1 асистенција за италијанскиот клуб.