Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадолид.
На име обештетување за 18-годишниот дефанзивец Интер е подготвен да одвои дури 14 милиони евра.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
За Бах беше заинтересиран и Манчестер Сити, кој по потписот сакаше да го остави на позајмица во шпанскиот клуб, но играчот претпочита опција веднаш да се пресели на Џузепе Меаца.
Сепак, Сити има резервно решение, бидејќи директорот на англискиот клуб Пјер Дреоси потврди дека 20-годишниот стопер на Ленс, Абдукодир Хусанов е на прагот на преселба на „Етихад“.