Младиот црногорски фудбалер Андрија Вукоје стана нов член на миланскиот Интер. Вукоје игра на позиција централен играч за врска, има 16 години, а досега играше за ОФК Грбаљ, кој се натпреварува во втората лига. Вукоје оваа сезона постигна четири гола во 15 настапи за црногорскиот клуб, кој потврди неговото заминување во Италија.
Играл за пионерската репрезентација на Црна Гора (до 14 години), а сега е член на У-16 репрезентацијата. Како што пишува црногорскиот медиум Побједа, Вукоје привлекол бројни клубови поради неговиот потенцијал. Веќе е висок 185 сантиметри, има добра сила, брзина, подвижност и техника. Сето тоа му е потребно за да стане врвен играч за врска ако го реализира својот потенцијал. Од Грбаљ истакнаа дека овој трансфер е знак дека одлично работат со млади таленти.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
За Интер во минатото настапуваше и Стефан Јоветиќ, тогаш капитен на црногорската репрезентација. Покрај Вукоје, во Италија замина и Василије Аџиќ во јануари 2024 година, 18-годишник чии што пазарна вредност на Трансфермаркт моментално изнесува два милиони евра.