Дома Фудбал Иниеста се збогуваше со фудбалот на „Ел Класико“ во Јапонија (Видео)

Иниеста се збогуваше со фудбалот на „Ел Класико“ во Јапонија (Видео)

Легендите на Барселона и Реал Мадрид се соочија во Токио, каде што Андрес Иниеста се збогуваше со фудбалот.

Пред два месеци легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста официјално ја објави својата одлука да стави крај на професионалната кариера. Во негова чест, минатиот викенд во Токио беше организиран специјален „Ел Класико“ натпревар, кој предизвика огромен интерес и собра 45.000 гледачи на трибините.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Натпреварот заврши со победа на тимот на Иниеста со резултат 2-1, а спектаклот остави незаборавен впечаток кај сите присутни.

„Ова беше фантастичен натпревар, особено за јапонските навивачи. Ако заминаа дома задоволни, тогаш и јас сум среќен,“ изјави Иниеста по завршувањето на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тео Ернандез заминува во Премиер лигата

Тотенхем е заинтересиран за левиот бек на Милан Тео Ернандез, а Французинот наводно е дост…