Дома Фудбал Информации од Милано: „Стои мирно кога го гледа Модриќ, а не се плашеше ни од Ибрахимовиќ“.

Информации од Милано: „Стои мирно кога го гледа Модриќ, а не се плашеше ни од Ибрахимовиќ“.

Кога Лука Модриќ ова лето премина во Милан, многумина го дочекаа тој трансфер со доза на сомнеж. Се зборуваше дека доаѓа да одигра уште една сезона „за душа“, да донесе искуство и мир во соблекувалната. Но, многу брзо се покажа дека Модриќ донесе многу повеќе, па можеби и титула, но тоа времето ќе покаже.

За кратко време, хрватскиот везист стана мозокот на Росонерите и Милан сега е тим што е на врвот на Серија А со јасно изразени шампионски амбиции. Тимот кој порано се мачеше со контролата на топката, сега дише како целина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, освен на теренот, Лука ја подигна и хиерархијата во соблекувалната. Соиграчите го гледаат со почит што не мора да ја бара, бидејќи по сето – таа се подразбира. Неговите претходни успеси и годините со кои играше за Реал инспирираат младите играчи, меѓу кои особено се истакнува Рафаел Леао.

Португалецот, познат по својата лежерност и немирен карактер, наводно „стои мирно“ кога зборува Модриќ или кога е во неговата близина, нешто што не го правеше ни кога Златан Ибрахимовиќ беше во тимот. Тоа се зборовите на новинарот Карлос Пасерини, кој за Кориере дела Сера известува за сите случувања во и околу Милан.

„Леао му треба татко на терен, а не тренер. Додека имаше со себе Ибрахимовиќ, донекаде го имаше тоа во него, но кога Ибра замина, повторно се ‘занемари’. Мислам дека Лука Модриќ може да стане нова татковска фигура на теренот која му е потребна на Рафаел. Ми велат дека Рафа, кој е фалбаџија и склон е кон сé да пристапи олај, стои мирно кога е Модриќ во близина. А тоа е нешто што не го направи ни со Ибрахимовиќ.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Уште една вечер, уште еден рекорд за Ламин Јамал! Младиот талент на Барселона продолжува д…