Дома Фудбал „Има сезона како некогаш Роналдо и Меси“ – Салах ја игра неговата најдобра во Премиер лигата!

„Има сезона како некогаш Роналдо и Меси“ – Салах ја игра неговата најдобра во Премиер лигата!

Мохамед Салах е на пат кон најдобрата индивидуална сезона во историјата на Премиер лигата. Една од најдобрите е веќе сега – по само 27 кола.

По 11-ти пат оваа сезона имаше гол и асистенција на ист натпревар, во победата против Манчестер сити (2:0) – еден од пресудните натпревари во походот на “црвените” кон шампионската титула. Тоа последен пат во “лигите петорки” го направи Лионел Меси (2014/15).


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


“Има сезона како оние на Роналдо или Меси”, смета Џејми Карагер, поранешен фудбалер на Ливерпул, додека неговиот некогашен соиграч Даниел Стариџ додава кратко дека сме сведоци на сезона што вреди “Златна топка”.

Египќанецот во 27 натпревари учествуваше во дури 41 гол на неговиот тим со 25 голови и 16 асистенции. Во двете категории ги предводи сите играчи од лигата и е на пат да стане само втор играч по Тиери Анри кој имаше 20+ во двата статистички параметри.

Покрај тоа, може и да го урне рекордот на англиското првенство кој го држат Алан Ширер и Анди Кол кои, кога се играа 42 натпревари, имаа заедно 47 гола и асистенции. Ако продолжи со ова темпо, ќе стигне до 58 и тоа со четири натпревари помалку во однос на англискиот тандем!

Со голови против актуелниот шампион достигна до својот 241. гол во дресот на Ливерпул и се изедначи на вечната листа на стрелци на клубот од Мерсисед со Гордон Хоџсон. Пред него останаа само Роџер Хант и Јан Раш.

Салах во јуни полни 33 и не планира да застане. И покрај фактот што крајот на истиот месец му истекува договорот, а најава за официјализација на продолжување на соработката нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан подготвува ѕвездена чистка на лето

Тројца од главните фудбалери на Милан можат да бидат продадени по крајот на сезоната, тврд…