Дома Фудбал „Има подобри избори од Керик за тренер на Јунајтед“

„Има подобри избори од Керик за тренер на Јунајтед“

Рој Кин, легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, повторно го сподели своето мислење дека Мајкл Керик не треба да стане наредниот постојан менаџер на Црвените ѓаволи.

Поранешниот играч од средниот ред постигнува значајни резултати од своето враќање во “Олд Трафорд” како привремен тренер од средината на јануари, забележувајќи седум победи и едно реми во девет натпревари како водечки на тимот. Оваа одлична серија го турна тимот на трета позиција во Премиер лигата и им обезбеди добра шанса за пласман во Лигата на шампиони следната сезона. Иако значајно се подобрија резултатите на тимот со доаѓањето на Керик, Кин останува убеден дека тој не е вистинскиот кандидат за постојан тренер на клубот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На прашањето дали би му ја доделил менаџерската позиција за постојано на сегашниот привремен тренер во летото, одговорот беше негативен.

– Јас не би го задржал. Верувам дека има подобри опции. Мислам дека во натпреварите кои ги водеше тимот, покажа одлични резултати во смисла на победи. Јасно се гледа дека ги поедностави работите, но во тие натпревари немаше големи задачи. Имавме три недели за подготовка за конкрените натпревари.

Времето беше погодна прилика за него да се докаже и тој одлично се снајде. Му симнувам капа и ако го добие работното место во текот на летото, ќе речам “слушај, среќно”, но убеден сум дека има многу подобри избори за наредниот менаџер на Манчестер јунајтед – изјави Кин за “Скај спорт”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ги изненади Бразилците со списокот за Хрватска, Роналдињо не можеше да остане мирен и веднаш реагираше

Бразилската јавност беше изненадена од одлуката на Карло Анчелоти да не го вклучи Нејмар н…