
Разводот меѓу Ванда Нара (38) и Мауро Икарди (32) започна, а двојката моментално води жестока правна битка за имотот, куќите, автомобилите, но и за старателството над нивните две ќерки.
Фудбалерот на Фенербахче се надева дека ќе победи во овој процес откако ја обвини поранешната партнерка за неверство, а на суд изнесе список на имиња на мажи за кои тврди дека го изневерила.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Како што пренесува Tribuna.com, списокот вклучува име на L-Gante, рапер со кого Ванда наводно била во врска откако се разделила со Икарди, како и фудбалерите Кеита Балде и Федерико Фацио.
Како и во случајот со L-Gante, Ванда признала дека имала однос со Кеита Балде, но само додека била разделена од Мауро. Што се однесува до Федерико Фацио, Ванда тврди дека никогаш не го запознала.
– Не го познавам, тоа е лага. Ова е прв пат да го видам неговото лице. Мојот адвокат ќе се занимава со тоа – изјавила Ванда, според наведениот извор.
Освен децата, познато е дека барала половина милион евра месечна алиментација за нивните две заеднички ќерки (девет и осум години), но тоа не е сè. Ванда сака да добие и сопственост над двете вили кои двојката ги купила за време на бракот, а кои вредат неколку милиони евра — една е во Милано, каде што живееја додека Мауро Икарди играше за Интер, а другата е на брегот на езерото Комо.