Дома Фудбал Играше за Манчестер сити, а денеска продава рибарска опрема

Играше за Манчестер сити, а денеска продава рибарска опрема

Неранте Кастилјо (41), некогашниот фудбалер на Манчестер Сити, неодамна беше забележан како продава рибарски прибор на туристи на една плажа во Атина, што привлече внимание кај британските медиуми.

По динамичната кариера, Кастилјо е речиси непрепознатлив, а на Инстаграм објави и фотографија со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во текот на својата кариера, Кастилјо се истакна како еден од омилените играчи на Олимпијакос, со кои освои три последователни титули во лигата, пред преминот во украинскиот Шахтјор Доњецк.

Во декември 2007 година, пристигна во Манчестер Сити на позајмица, но неговиот престој во Премиер Лигата беше краткотраен поради сериозна повреда на рамото во првиот домашен натпревар.

По етапата во Англија, играше за Шахтјор, Дњепро, Чикаго Фајр, а кариерата ја заврши во Рајо Ваљекано.

Неговиот престој во мексиканската репрезентација беше обележан со бројни контроверзии, особено по конфликтот со тамошните медиуми во 2009 година.

Денес Кастилјо ужива во спокоен живот на грчките плажи, додека Ѓоковиќ престојува во Атина подготвувајќи се за Австралијан Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Газда на фудбалски клуб од соседството си го одзеде животот (Видео)

Бугарскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Поморје, Христо Бургазлиев (57), си …