
Златан Ибрахимовиќ и неговото гостување кај Славен Билиќ во емисијата “Неуспехот на шампионите” ќе биде една од најгледаните емисии на овие простори.
Една од многуте приказни кои ги раскажа е и нај„валкана“ приказна која му се случила. На еден тренинг, Златан толку не се откажуваше, што заврши голема нужда пред време.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со ова, Златан целосно ја оголи вистината за себе и зборуваше без никакви задрски за сè. Сосема сигурно дека ваква емисија ќе биде вистинско освежување на медиумската сцена и насока за младите што сè е потребно за успех во фудбалот.
“Можам да раскажам нешто овде што никој не знае, но е малку валкана приказна. Требаше да завршам тренинг. Имавме вежба шест пати по две минути, брзо трчање, одмор од три секунди. Требаше да одам во тоалет, но не отидов.
Трчав, трчав и се посрав, но продолжив да трчам, бидејќи тоа сум јас. Ако сум крадел, крадам само од себе. Не крадам од тебе, туку секогаш од себе, тоа сум јас. Јас губам, ти нема да изгубиш со мене никогаш”, раскажа Ибрахимовиќ.