Дома Фудбал Ибрахимовиќ му дава отказ на тренерот, а потоа заминува: Три аматерски грешки кои го уништија Милан

Ибрахимовиќ му дава отказ на тренерот, а потоа заминува: Три аматерски грешки кои го уништија Милан

Болоња го освои Купот на Италија со победа над Милан во финалето (1:0), по што е јасно дека оваа сезона беше многу неуспешна за “росонерите”. Иако го освоија Суперкупот, Милан имаше просечна сезона во Лигата на шампионите и многу лоша во Серија А (моментално се наоѓаат на осмото место), поради што кога ќе се подвлече црта – тренерот мора да замине.

Така и ќе биде, бидејќи португалскиот стратег Сержо Консеисао не успеа да си го “продолжи животот” во Милан со освојувањето на Купот, па брзо по натпреварот со Болоња стигна и објавата на инсајдерот Фабрицио Романо. “Тренерската епизода на Сержо Консеисао во Милан ќе заврши на крајот од сезоната, како што беше и планирано“, објави познатиот новинар од Италија, дополнувајќи дека со него од клубот ќе се пресели уште еден Португалец – Жоао Феликс.


Сепак, тоа веројатно нема да биде се кога станува збор за заминувањата, бидејќи би можел да “лета” и главниот одговорен за нивното доаѓање, а тоа е Златан Ибрахимовиќ. Иако долго време се криеше зад функцијата “советник на газдата на клубот”, Ибрахимовиќ беше неформален спортски директор на Милан и токму по негова наредба се одлучуваше кој ќе биде тренерот и засилувањата.

И така, Ибрахимовиќ направи три големи грешки со тренерите оваа сезона; прво го отпушти Стефан Пиоли кој го донесе последниот трофеј во Серија А, потоа го ангажираше Пауло Фонсека и го отпушти за три месеци, додека и Сержо Консеисао е промашување и покрај Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска пресуда: Затвор за расистички навреди на Винисиус

Во четврток, во Шпанија беше испишана историја – беше изречена пресуда на петмина на…