
Сопственикот на Милан Џери Кардинале е незадоволен со овогодинешните резултати на неговиот тим и за сезоната 2025/26 најави значајни промени во спортската структура на клубот, вклучувајќи и ангажман на нов спортски директор.
Според извештајот на Ла Газета дело Спорт, Кардинале е одлучен во намерата да започне нов проект, а новиот спортски директор кој ќе го избере извршниот директор Џорџо Фурлани ќе има задача за темелна реорганизација и изградба на конкурентен тим за следната сезона.
Еден од клучните елементи на реорганизацијата ќе биде и одредувањето на улогата на Златан Ибрахимовиќ во тимот. Поранешниот напаѓач моментално дели одговорност во спортскиот сектор на клубот заедно со Џофри Монкада и Фурлани, но со оглед на разочарувачките резултати на Милан оваа сезона, неговата позиција не е загарантирана. Иднината на Ибрахимовиќ ќе биде подложена на проценка од новиот спортски директор.
Ибрахимовиќ извршува функција на советник во инвестициската група РедБирд од декември 2023 година. Во официјалната изјава која ја објави РедБирд се наведува дека неговата улога е соработка со глобалниот инвестициски тим во спортски, медиумски и забавен проекти.
Фото: Принтскрин