
Златан Ибрахимовиќ и на 45 години продолжува да фасцинира со својот неверојатен физички изглед, а сега го открива тајниот дел од неговиот интензивен тренинг.
Шведската фудбалска икона неодамна на социјалните мрежи сподели видео од неговите тренинзи во кои тој изведува комплексни вежби, каде што секое ниво е предизвик сам за себе.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Во првото ниво Ибрахимовиќ крева од земјата па се до над главата 105 килограми, додека на последното оваа вежба ја изведува изведува со фантастични 120 килограми.
Иако неговата фудбалска кариера заврши пред две и пол години во дресот на Милан, Ибрахимовиќ има богато минато во клубови какви што се Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а две сезони поминал и во ЛА Галакси.
По повлекувањето од фудбалските терени, кратко време беше дел од управата на Милан, а исто така е и еден од сопствениците на шведскиот Хамарби.