
За младата хрватска скијачка Пија Вучиниќ, која има само 16 години, вчерашниот ден на Олимписките игри во Италија беше исклучително тежок.
Вучиниќ не успеа да ја заврши првата трка во слалом во Кортина д’Ампецо, бидејќи направи грешка и падна на патеката, а од хрватскиот тим соопштија причините за нејзината слаба изведба.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според директорот на хрватската репрезентација Ведран Павлек, Вучиниќ влезе во трката по еден многу стресен ден, во кој дури колабирала.
„Вчера на Пија ѝ направија допинг контрола, ја тестираа со земање крв, а потоа колабираше. Поради тоа го пропушти и последниот тренинг пред трката“, изјави Павлек.
Во оваа слаломска дисциплина, златниот медал го освои легендарната Американка Микаела Шифрин, среброто и припадна на Камил Раст, додека бронзената награда ја освои Ана Свен Ларсон.