Дома Фудбал Холанд: Сакам да продолжам во Англија, тоа е најдобро место за фудбал

Холанд: Сакам да продолжам во Англија, тоа е најдобро место за фудбал

Пред дуелот, норвешкиот напаѓач даде интервју за The Rest Is Football, во кое коментираше актуелни теми, трансферот во Сити и неговата иднина.

За почеток, норвешкиот репрезентативец објасни зошто не носи ракавици кога игра, иако е студено. „Сакам класичен стил, знаете. Убаво е. Освен тоа, никогаш не ме гледате да играм со ракавици. Тоа е затоа што татко ми ќе ме искараше ако го направам тоа. Така што, сум малку и старомоден“, кажа тој.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Освен тоа, тој откри детали околу трансферот во Сити – зделка која беше реализирана, игнорираќи понуди од други заинтересирани клубови: „Гвардиола ми се јави. Имавме пријатен разговор. Ми рече дека можам да постигнам многу голови со него. Во Норвешка гледаме Премиер лига. Кога Пеп ми се јави, не се двоумев. На крајот, мислам дека работите се одвиваат добро. Сметам дека моментот е многу важен. Кога дојдов во Сити, им требаше напаѓач. Бев мотивиран и да докажам дека тимот може да игра и директен фудбал, а не само да ја додава топката бесконечно.“

Напаѓачот го коментира и своето идно, што според сé изгледа ќе биде поврзано со Манчестер Сити за години напред: „Сум спокоен, концентриран и многу среќен тука, така што ова е навистина добро место за развој. На крајот на краиштата, Англија е фудбалска земја и мислам дека е најдоброто место за игра. Сакам да бидам дел од тоа.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зиркзе се враќа во Серија А

Рома е заинтересирана за доведување на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Џошуа Зиркзе во јан…