Матсон Лесор, синот на прочуениот француски кошаркар Матијас Лесор, привлече големо внимание во кошаркарската јавност по неколку снимки од белградската арена..
Партизан беше домаќин на Панатинаикос во 14. коло на Евролигата, а и овој натпревар е посебен за семејството Лесор. Матијас Лесор, кој некогаш воодушевуваше во дресот на Партизан, денес е член на Панатинаикос и се спротивстави на својот некогашен клуб.
Сепак, тоа не е причина неговиот син Матсон и сопругата Трејси да не навиваат за Партизан. Камерите повеќепати ја го снимија семејството Лесор како навива за гигантот од Белград, без оглед што Матијас игра за грчкиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Семејството Лесор и претходно доаѓаше на натпреварите на Партизан, а Трејси толку го засака Партизан што на раката си го истетовира името на овој клуб.
Малечкиот Матсон „го украде шоуто“ за време на интонирањето на химната, па беше снимен како навива со шал на Партизан.
.Mathias Lessort’s son in full voice during the Partizan anthem 👏💯 pic.twitter.com/7UPWNJen93
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 5, 2024