Дома Фудбал Хет-трик на Сорлот го испрати Атлетико во осминафиналето на ЛШ

Хет-трик на Сорлот го испрати Атлетико во осминафиналето на ЛШ

Тимот на Атлетико Мадрид стана првата екипа која ги надмина плејофите од Лигата на шампионите, откако славеше со 4:1 како домaќин против Бриж во реваншот помеѓу нив. Така, шпанската екипа се пласираше во осминафиналето, каде може да го сретне Ливерпул или Тотенхем, со вкупен резултат од 7:4 по спектакуларното реми 3:3 во Белгија пред една недела.

Големиот херој за Атлетико вечерва беше Александар Сорлот, кој блесна со хет-трик, откако во саботата постигна два гола за победата со 4:2 против Еспањол. Неговиот прв гол дојде во 23-тата минута, кога Јан Облак силно ја удри топката напред, додека напаѓачот ја овладеа директно пред противничкиот казнен простор, а со својот удар ја прати топката помеѓу нозете на Брeндoн Мехеле и покрај рацете на Симон Миноле.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во 36-тата минута гостите го израмнија резултатот. Тогаш при центаршут од корнер, Мехеле со глава ја насочи топката, а Жоел Ордонез пак со глава ја доведе топката во мрежата. Набргу потоа, Уго Ветлесен можеше да доведе до целосен пресврт, но Јан Облак го спаси неговиот удар со глава од непосредна близина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот – Барселонина бомба или само пуста желба?

Барселона има големи летни планови, без разлика кој ќе биде новиот претседател, а најголем…