Дома Фудбал Хендерсон скршен од болка: Се појави пред „Енфилд“ да оддаде почит на Жота (Фото)

Хендерсон скршен од болка: Се појави пред „Енфилд“ да оддаде почит на Жота (Фото)

Џордан Хендерсон беше преплавен со емоции и му оддаде почест со цвеќиња на својот пријател и поранешен соиграч од Ливерпул, Диого Жота на Енфилд.

Пораката која ја испрати гласеше: „Почивај во мир, пријателе мој, заедно со твојот брат Андре. Сите ќе те паметиме.“

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Хендерсон беше капитен на Ливерпул кога Диого Жота се приклучи на клубот.

Денеска Хендерсон кој замина од Ливерпул во 2023 и сега го носи дресот на Сандерленд на Инстаграм покрај фотографијата објави: „Жота, беше чест да се дели терен со тебе, но уште поважно, пријателството. Сите насмеевки што ги имавме надвор од теренот и се обидувавме да го насмееме Мили [средниот играч на Ливерпул Џејмс Милнер], што никогаш не успеавме.

„Правеше слики од мене додека спиев во автобусот и потоа ми ги испраќаше.“

„Секогаш посакуваше да има шеги и беше задоволство да се биде со тебе.“

„Ти благодарам за сè што донесе во овој свет, сите ќе те паметиме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул заврши голема работа: Алисон останува на Енфилд!

Раководството на Ливерпул ја активираше клаузулата во договорот со Алисон Бекер, со што го…