
Првото летно засилување на Реал Мадрид, Дин Хаусен, е убеден дека ја донесол вистинската одлука, откако од сите понуди ја избрал онаа на шпанскиот гигант.
20-годишниот играч доаѓа од Борнмут за 58 милиони евра, што го прави најскапиот одбранбен играч во историјата на клубот. Тој е уверен дека на “Бернабеу” го очекува светла иднина во улогата на еден од централните одбранбени играчи.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
“Ова е најубавиот ден од мојот живот. Сонот ми се оствари и ќе дадам сè од себе за Реал. Ова е најдобриот клуб на светот и никој друг дури не може да го спореди”, започна талентот при неговото претставување.
“Мислам дека одговарам на стилот на игра на новиот тренер Чаби Алонсо. Ќе помагам на секој можен начин. Верувам дека ни претстојат одлични години”, продолжи Хаусен.
Шпанскиот репрезентативец потврди дека негов идол е поранешниот капитен на “кралевите” Серхио Рамос. Ветеранот дури му испратил порака за да го поздрави во клубот.
“Не ме интересира тоа што сум најскапиот бранител во историјата на Реал. Дури и не размислувам за тоа. Сум свесен дека сè во мојата игра може да се подобри, заради што ќе работам секој ден. Јас сум во процес на развој како фудбалер. Смирен сум. Ќе го живеам животот и ќе го правам она што го сакам најмногу. Се обидувам да бидам скромен. Сакам да освојам сè со Реал”, рече уште Хаусен.