
Хари Кејн, напаѓачот на Баeрн и капитен на англиската фудбалска репрезентација, повторно го откри своето големо воодушевување кон американскиот фудбал и желбата еден ден да се проба професионално во NFL.
Иако многу фудбалери ја следат NFL и се поврзуваат со американскиот фудбал, сериозноста на Кејн за оваа можност не може да се занемари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Идејата за настап во NFL и професионално занимавање со американски фудбал секогаш е во мојата потсвест. Не очекувам веднаш без проблем да погодам ‘field-goal’ обиди, свесен сум дека тоа бара многу работа, но би го прифатил предизвикот со задоволство”, изјави еден од најдобрите напаѓачи на изминатава деценија.
Кејн е познат по прецизноста во фудбалот, реализирајќи 93 од 105 пенали во својата кариера, а после промашениот пенал на Светското првенство 2022 против Франција, успеа да реализира 36 од следните 37 пенали.
Кејн е повеќе од десет години фан на NFL, а во 2019 година во Атланта имаше можност лично да го проследи Super Bowl натпреварот, во кој Њу Ингланд го совладаа Лос Анџелес Рамс. Тогаш се запозна со легендарниот Том Брејди, кој му вети поддршка ако одлучи да се фокусира на кариера во NFL. Кејн истакнува дека документарецот за Брејди му бил голема инспирација на почетокот од неговата спортска кариера.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!