Дома Останати Кошарка Хаос во НБА: Дончиќ ќе се степаше! (Видео)

Хаос во НБА: Дончиќ ќе се степаше! (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија тимот на Лос Анџелес Клиперс со резултат 135:118 во дербито на главниот град на Калифорнија, одиграно во рамките на НБА купот.

И оваа вечер, како по навика, главната улога ја одигра Лука Дончиќ, кој продолжи со своите сјајни настапи во дресот на “езерџиите”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овојпат, тој доминираше против големиот ривал завршувајќи го натпреварот со 43 поени, 13 асистенции и девет скокови. Веќе во првата четвртина, Словенецот постигна 24 поени, на полувремето имаше 32, а на крај заврши со споменатите 43.

Поради ова, успеа да ги изнервира играчите на Клиперс, во чиј состав не беше Бојан Богдановиќ, а кои го забележаа својот 10-ти пораз во последните 12 средби.

Најнервозен беше Крис Дан, кој во еден дуел го турна Дончиќ, кој падна на паркетот. Кога стана, тргна на Дан, кој повторно го турна со топка во градите.

По натпреварот, Хејс даде интересен коментар на прашањето за играта и победата.

На крајот, Дончиќ беше победникот на вечерта, поради решавањето на дербито во Лос Анџелес со 43 поени, носејќи ја својата екипа на чекор до финалето од НБА купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Визионерски потег на Леброн: Неговата инвестиција во Ливерпул денес вреди 1.500 проценти повеќе!

Уште во 2011 година, Леброн Џејмс направи потег кој денес се покажа како еден од најпаметн…