
Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, одби да тренира со тимот во вторникот утрото, беше објавено во официјалното соопштение. Клубот најави дека ќе преземе дисциплински мерки против белгискиот напаѓач, а можноста тој да биде избришан од првиот тим не е исклучена. Лукаку не е физички подготвен и затоа го откажа повикот за белгиската репрезентација.
Тој продолжи да тренира индивидуално, а на повикот на Наполи не се одзва. Според извори од Скај Спорт, односите меѓу Лукаку и раководството на клубот не се добри, а соопштението служи како основа за поконкретни акции. Италијанските медиуми пишуваат дека можно е случајот да стигне до суд, па дури и до раскин на договорот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Лукаку поголем дел од оваа сезона го пропушти поради повреда на препоните и неспособност да се врати во форма по неа. Има одиграно само седум натпревари и постигнато само еден гол. Пристигна во Наполи пред година и пол од Челси за 30 милиони евра.
Со 32 години, Лукаку е искусен напаѓач. Има освоено две титули шампион на Италија, една со Интер и една со Наполи. Настапуваше уште и во Челси, Рома, Евертон, Манчестер Јунајтед, Вест Бромвич и Андерлехт. а.
Манчестер Јунајтед го купи од Евертон за 84 милиони евра, Интер од Јунајтед за 74 милиони, а Челси од Интер за 113 милиони евра. Сите овие трансфери се случија од 2017 до 2021 година. За Белгија одигра 124 натпревари и постигнато 89 голови.