![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/hamilton-819x491.jpg)
Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука дека по 12 години соработка го напушта Мерцедес и ќе ја продолжи кариерата во Ферари.
Возењето во Ферари во Формула 1, Хамилтон го опиша како остварување на детскиот сон, а за славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона. Пред да го напушти Мерцедес засекогаш, Хамилтон го даруваше секој од 3.000 вработени во тој тим.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Како што наведуваат британските медиуми, Хамилтон ангажирал познат уметник да направи ново уметничко дело, слика од неговото возило на Големата награда на Монако 2019 година.
Оригиналната слика, насликана со маслена техника, виси во седиштето на тимот, а секој член на персоналот на Мерцедес доби сопствен примерок од тоа уметничко дело.