
Манчестер Сити лесно ја потврди својата супериорност на домашен терен, совладувајќи го Вест Хем со убедливи 3:0 во 17-то коло на Премиер лигата, со што привремено ја зазеде водечката позиција на табелата.
Домаќините поведоа уште во 5-та минута, кога Ерлинг Халанд ја искористи одбиената топка во шеснаесетникот и ја смести под гредата за рано водство на домаќините.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Доминацијата на Сити беше крунисана во 38-та минута, кога Халанд асистираше на Тијани Рејндерс, а тој прецизно го зголеми резултатот на 2:0 со удар одблиску.
Во вториот дел од натпреварот, гостите имаа неколку шанси да се вратат во играта, најдобрата преку Џарод Боуен, но лошата реализација и одличните интервенции на голманот Донарума го задржаа резултатот непроменет.
Казната стигна во 69-та минута, кога Халанд повторно се најде на вистинското место и ја испрати одбиената топка во мрежата за конечни 3:0.