Дома Фудбал Хајдук ќе игра натпревар против Осогово во Кочани!

Хајдук ќе игра натпревар против Осогово во Кочани!

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, од Хрватска донесе голема вест за љубителите на спортот во неговиот град – следното лето на стадионот „Никола Мантов“ ќе гостува сплитски Хајдук.

Крстевски, кој во рамки на својата работна посета на Хрватска оствари средба со првиот човек на клубот, Иван Вилиќ, успеал да договори одигрување на пријателски натпревар помеѓу Осогово и славниот хрватски тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Со гордост ви соопштувам дека по средбата со претседателот на Хајдук Сплит, Иван Билиќ, се договоривме за пријателски натпревар меѓу Осогово и Хајдук во август 2026 година на нашиот „Никола Мантов“. Во знак на спортско пријателство со претседателот на Хајдук разменивме дресови на двата клуба“, напиша Крстевски на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…