Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја освоил Златната топка.
Шпанецот минатата сезона ја освои четвртата последователна титула во Премиер лигата и беше клучен играч на репрезентацијата на патот до титулата европски првак во Германија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот на септември ги скина вкрстените лигаменти на десното колено и моментално се опоравува од операцијата.
Официјално најдобриот светски фудбалер беше опериран во Мадрид и сега се опоравува најмалку шест месеци. Тој треба да се врати во тимот на Манчестер Сити за време на летните подготовки во 2025 година.
За време на неговото отсуство, Сити падна во најголемата резултатска криза во деветгодишната ера на Пеп Гвардиола.
Актуелниот шампион моментално е четврти на табелата со големо заостанување зад Ливерпул, а каталонскиот тренер како клучна причина ја гледа повредата на Родри:
„Играме без добитник на Златната топка, без најдобриот играч минатата сезона во Англија. Колку прстени освоија Чикаго Булс без Мајкл Џордан? Никој не може да игра без средните дефанзивци, исто така ние не можеме без најдобриот играч минатата сезона“.