Манчестер сити пред “Боксинг деј” се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер лигата, со 12 бода заостанување зад водечкиот Ливерпул.
Сити доживеа три последователни порази, а пошироката слика покажува дека на последните 11 натпревари имаат забележано дури девет порази.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Шансата да го прекинат лошата серија „граѓаните“ ќе ја имаат на 26 декември против Евертон.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола откри дека тимот ќе тренира на Бадник и Божиќ.
Причината е токму натпреварот против „сините“ од Ливерпул. Каталонецот потоа се пожали на густата програма.
„Имаме повеќе повреди од кога било и размислував дека ми е потребен тим од 45 до 50 играчи. Тоа би била поскапа варијанта, што ќе се почувствува летото, но можеби е потребна бројност во играчкиот кадар. Програмата е проблем, не физиотерапевтите, лекарите, ни играчите“, рече Гвардиола .