Дома Фудбал Гвардиола уште жали: Манчестер сити сака да го врати Палмер – нуди 170 милиони евра!?

Гвардиола уште жали: Манчестер сити сака да го врати Палмер – нуди 170 милиони евра!?

Поранешниот помошен тренер на Челси, Џоди Морис, вели дека „сините“ имаат суперѕвезда во фудбалерот за врска Кол Палмер – а најновите трансфер шпекулации укажуваат дека бројни од врвните европски клубови го мислат истото.

Палмер се приклучи на Челси од Манчестер Сити во септември 2023 година за договор вреден до 42.5 милиони фунти, и тоа се покажа како генијален потег за клубот од Стамфорд Бриџ. Англискиот репрезентативец блескаше во финалето на Светското клупско првенство со два гола, кога Челси го шокираше Пари Сен-Жермен и ја освои титулата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Извештаи го поврзуваат Палмер со францускиот клуб овој месец, при што победниците на Лигата на шампионите се вели дека подготвуваат пакет вреден над 200 милиони фунти за играчот.

Сити се подготвени да понудат 147 милиони фунти за да го добијат Палмер, што би било над 100 милиони фунти профит за нивните ривали во Премиерлигата, Челси.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го направил тоа што го направи Ливерпул во првите четири кола во ПЛ

Ливерпул го продолжи победничкиот тек во четвртото коло од англиската Премиер лига, извоју…