Дома Фудбал Гвардиола удри по навивачите: Треба да ви е срам, што е виновна неговата мајка?

Гвардиола удри по навивачите: Треба да ви е срам, што е виновна неговата мајка?

Манчестер Сити изремизира 0:0 против Манчестер Јунајтед во дербито на 31. коло на Премиер лигата, а по натпреварот Пеп Гвардиола ја коментираше една неумесна ситуација.

За време на првото полувреме од дуелот на „Олд Трафорд“, неколку навивачи на Јунајтед скандираа на сметка на Фил Фоден (24) и неговата мајка, што ја налути ѕвездата на „Граѓаните“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На оваа ситуација беше запрашан и Пеп Гвардиола (54), кој изјави дека е згрозен од однесувањето на поединечни навивачи на домашниот тим.

Пеп истакна дека навивачите на Манчестер Јунајтед кои ја навредувале мајката на Фил Фоден покажале непочитување.

„Недостаток на класа. Но, не станува збор за Јунајтед, туку за луѓето, разбирате? Така сме изложени – менаџери, сопственици и фудбалери особено. Што им е виновна мајката на Фил?“ изјави Пеп.

Фото: Манчестер Сити/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го претстави аргентинскиот „бисер“: Ова е остварување на сонот

Откако конечно беше претставен како фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантонуоно одржа сп…