Дома Фудбал Гвардиола спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

Гвардиола спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

Како што пренесува Калчомеркато, Пеп Гвардиола подготвил понуда до Милан од 85 милиони евра за еден од најдобрите играчи оваа сезона.

Иако го продолжи договорот со Росонерите, Тижани Рејндерс е првиот пик на менаџерот на Граѓаните во претстојниот преоден рок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Холанѓанецот игра одлично оваа сезона, а неодамна стави потпис на нов договор со Милан.

Рејндерс дојде во Милан во летото 2023 година од АЗ Алкмар за 20 милиони евра и оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Гвардиола го сака и во него гледа идеална замена за Де Брујне, а наводно Холанѓанецот веќе дал согласност за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кои ѕвезди ќе настапат: Познати составите на Реал Мадрид и Баерн Минхен (Фото)

Реал Мадрид го отвора четвртфиналниот предизвик во Лига на шампиони со домашен натпревар п…