
Денес ќе се одиграат три натпревари од четврт-финалето на ФА Купот, но еден привлекува многу повеќе внимание од останатите. Станува збор за дуелот кој ќе го одиграат Манчестер Сити и Ливерпул на стадионот Етихад.
Неодамна екипата на Пеп Гвардиола го освои Карабао купот откако во финалето ја победија екипата на Арсенал.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, Манчестер Сити беше елиминиран од Лига на шампиони од Реал Мадрид пред тоа.
Од друга страна, Ливерпул се избори за четвртфинале во Лига на шампиони откако беа подобри од Галатасарај.
Кога станува збор за домашното првенство, Манчестер Сити се бори за титулата со Арсенал, додека Ливерпул одамна ја загуби таа борба.
Тоа што е сигурно кога станува збор за Манчестер Сити, Ливерпул, но и за Арсенал, е дека летото ќе донесе одредени промени во играчките состави на секој од овие клубови.
Во последно време многу се зборува дали Родри ќе остане во Манчестер Сити и следната сезона.
На сите им е јасно колку тој значи за Пеп Гвардиола и неговиот тим, но како што стојат работите, дојде време за разделба.
Пеп Гвардиола со тажни зборови очигледно го најави заминувањето на Родри, а се знае и каде треба да ја продолжи својата кариера.