Дома Фудбал Гвардиола: Сега сфаќам што сме направиле изминатите години

Гвардиола: Сега сфаќам што сме направиле изминатите години

Фудбалерите на Манчестер Сити се во невидена криза со резултати. По 1:1 на домашен терен против Евертон на „Боксинг деј“, низата натпревари без победа се продолжи на пет натпревари. Гледајќи ги последните 13 натпревари во сите натпреварувања, тимот има само една победа, 3:0 против Нотингем Форест во Премиер лигата.

Тимот на Пеп Гвардиола се наоѓа на седмото место на табелата со 28 бодови на контото, дури 14 бодови помалку од првопласираниот Ливерпул, кој има и еден натпревар помалку од нив. Високиот интензитет и бројот на натпревари продолжува, па Манчестер Сити во недела ќе гостува кај Лестер Сити во 19. коло на Премиер лигата, а претходно шпанскиот стратег одржа прес-конференција.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


“Понекогаш очекувате дека ќе ја поправите непријатната ситуација лесно и брзо, но исто така понекогаш ви треба повеќе време и јас нема да се откажам”, започна Гвардиола. “Сакам да бидам тука, сакам да ја променам ситуацијата. Сега одиме во Лестер, што исто така ќе биде тежок натпревар. Ќе се обидеме да одиграме добар натпревар и играчите ќе бидат подготвени за тоа.”

Гвардиола е охрабрен од ставот на своите играчи. “Гледам тим, дух, како тренираат, колку се фокусирани”, рече тој. “Се разбира дека сакам да ја вратат формата, сите тоа го сакаат. Не сакам да ги разочарам моите луѓе, клубот, навивачите и луѓето кои го сакаат овој клуб, но моментално им даваме лоши резултати.”

Гвардиола се осврна на своите успеси со Сити, кои вклучуваат освојување на дури четири последователни титули во Премиер лигата, што е рекорд. “Најголемите предизвици веќе ги имам остварено. Се враќаме по кратко или долго време, но вистина е дека поради моменталната состојба се присетувам како минатото било добро. Сега сфатив што сме направиле. Очекувате мал пад, но ова не го очекувавме. Главната причина е што ни се повредени седум или осум важни играчи. Играњето натпревари на секои три дена станува се потешко.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Манчестер јунајтед донеле одлука за Зиркзе!

Притисокот во Манчестер Јунајтед е огромен, Рубен Аморим го почувствува тоа само неколку н…