Дома Фудбал Гвардиола: Плативме многу за играч, а тој не може да игра. Не го разбирам ова правило

Гвардиола: Плативме многу за играч, а тој не може да игра. Не го разбирам ова правило

МАНЧЕСТЕР СИТИ ќе се обиде да ја убеди Англиската фудбалска лига (EFL) да ги измени правилата на EFL купот за да може нивниот нов играч, Марк Гехи, да учествува во финалето на натпреварувањето. Тренерот Пеп Гвардиола покажа големо незадоволство поради фактот што централниот бек, кој чинеше 20 милиони фунти, нема право на настап против Арсенал на „Вембли“ на 22 март.

Шефот на Сити откри дека веќе побарал од управата на клубот да контактира со одговорните лица со цел да му се овозможи на англискиот репрезентативец да игра. Проблемот е во одредено правило.

Што е проблемот?

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа сезона, правилата беа изменети за да се дозволи играч да настапи за два различни клуба во истата сезoна на купот. На пример, Антоан Семењо настапи за Сити во двете полуфинални средби против Њукасл, иако само што пристигна во клубот.

Сепак, Семењо потпиша договор пред првиот меч на „Сент Џејмс Парк“, додека Гехи пристигна по таа победа од 2:0. Поради тоа, тој немаше право на учество во возвратниот меч, а според постојните правила, ни во финалето.

“Се надеваме дека Марк може да игра во финалето. Плативме многу за играчот, и потоа не можеме да го користиме. Не разбирам зошто не можеме да го користиме во финалето. Се надевам дека ќе успееме да ги убедиме. Понекогаш е тешко да се разбере ова. Јасно е дека Марк не можеше да игра во возвратот затоа што не беше регистриран за првиот меч. Но, сега е финалето, зошто не би можел да игра? Зошто? Му плаќаме, тој е наш играч. Логично е”, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанскиот гигант сонува за Бернардо Силва

Бернардо Силва, португалскиот фудбалер кој игра за Манчестер Сити, е на листата на желби н…