Дома Фудбал Гвардиола му одговори на Капело: Не сум толку силен за да го уништам италијанскиот фудбал

Гвардиола му одговори на Капело: Не сум толку силен за да го уништам италијанскиот фудбал

Пеп Гвардиола ненадејно се најде на мета од Апенините пред натпреварот од 29. коло во Премиер лигата со Брајтон (16.00)

Фабио Капело, искусниот фудбалски тренер, овие денови даде интервју за Ел Мундо. Италијанецот, кој сега има 78 години, е едно од најголемите тренерски имиња во изминатите неколку децении, но очигледно имал низа забелешки за менаџерот на шампионот на Англија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Капело во тоа интервју изјави дека „ароганцијата го спречила Гвардиола да освои повеќе трофеи во Премиер лигата“.

Италијанецот сугерираше дека Пеп бил прекумерно арогантен бидејќи сакал да докаже дека неговата тактика стои зад успехот на Сити. Исто така, тој тогаш изјави дека Гвардиола „го уништил италијанскиот фудбал“ инспирирајќи менаџери да го имитираат неговиот стил базиран на поседување на топката, без да имаат соодветни играчи за тоа.

Ќе го спомнам тој голем менаџер, еден од плејадата исклучителни, Фабио Капело. Не би рекол дека тоа е арогантно, туку дека помогнавме да го подигнеме квалитетот во Премиер лигата. Тимовите мораат да одат на трансфер пазарот, нели? Луѓето сакаат да прават добри работи, добро се организирани, имаат силни структури, носат добри одлуки, има добри играчи насекаде“, рече Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…