Пеп Гвардиола ја има една од најтешките сезони во својата тренерска кариера, а кошмарот се продолжи со испаѓањето на Манчестер Сити од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во реваншот од баражот за осминафиналето на елитното натпреварување, „кралевите“ славеа со резултат 3:1, што вкупно донесе 6:3 во двомечот.
Веднаш статистичарите објавија неколку податоци кои за првпат му се случија на Гвардиола.
Пред сè, ова е првпат во дури 16 учества во Лигата на шампионите, неговиот тим да не стигне до осминафинале. Ова претставува вистинска реткост.
Исто така, синоќешниот пораз беше дури 13. оваа сезона за Манчестер Сити, што е најмногу досега што Гвардиола го доживеал во една сезона.