Даглас Луиз летово дојде во Јувентус како големо засилување вредно 52 милиони евра, но не се снајде во Серија А.
Бразилецот не ги исполни очекувањата, главно е на клупата за резерви, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат уште во јануари.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Тој е подготвен да го напушти Јувентус и да се врати во Премиер лигата, бидејќи очигледно не се снајде во Серија А.
Силен интерес за него покажува Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е во потрага по квалитетен играч за врска.
„Граѓаните“ го сакаат Бразилецот на позајмица со право на откуп, додека Јувентус бара во договорот да има задолжителен откуп.
🚨 Douglas Luiz is among the options Manchester City are considering for the midfield position.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 19, 2025
Juventus want a straight sale or a loan with an obligation to buy, while Man City want only a loan.
(Source: @David_Ornstein) pic.twitter.com/5KKsEceMyg