Дома Фудбал Гвардиола: Го отпишав тој гениј, а потоа постигна 200 голови

Гвардиола: Го отпишав тој гениј, а потоа постигна 200 голови

Пеп Гвардиола беше гостин на YouTube каналот “xBuyer”, кој го водат браќата Хавиер и Ерик Руиз и имаат 5,7 милиони претплатници. “Суштината на нашата работа е играчите да разберат што бараме од нив, а не да им создадеме дополнителни проблеми. Истовремено, треба да го менуваме пристапот за да не стане монотоно. Јас сум во Манчестер Сити десет години и не можам секогаш да пробувам едно исто”, го објасни Гвардиола својот тренерски метод.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Се сеќавам на денот кога му кажав на Агуеро дека нема да му го продолжиме договорот. Ми беше многу тешко да го известам дека е отпишан. И потоа, на тренингот истиот ден, тој гениј даде 200 голови! Имаше израз на лицето што велееше: ‘Сега ќе му покажам што можам… 200 голови!’ Му реков: ‘Серхио, ќе ти го продолжиме договорот, погрешив!’ И потоа на последниот натпревар даде два гола. Беше привилегија да го тренирам Агуеро. Тој беше единствен талент.”

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејан Блажевски се врати по две години и покажа класа: Двапати стрелаше, а еден беше еврогол! (Видео)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски повторно блесна на зелениот терен во дресо…