Дома Фудбал Гвардиола е загрижен поради нова повреда: Управата ни ја спаси сезоната

Гвардиола е загрижен поради нова повреда: Управата ни ја спаси сезоната

Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, нема да биде на располагање на екипата во наредниот период, поради повредата што ја здоби на натпреварот од ФА Купот против Плимут.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сити славеше во петтата рунда од натпреварувањето со резултат 3:1, а Аке беше заменет пред почетокот на второто полувреме, кога на негово место влезе Рубен Диаш.

По натпреварот, Гвардиола изјави дека холандскиот репрезентативец долго ќе биде надвор од терените.

„Повторно еден од нашите стопери ќе се опоравува подолго време, така изгледа со ситуацијата на Нејтан. Благодарен сум на управата на клубот, која во јануари ги доведе дефанзивците Абдукодир Хусанов и Витор Реис“, рече Гвардиола и додаде:

„Во спротивно, немаше да имаме никакви шанси да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона или да се бориме за трофејот во ФА Купот. Би било невозможно да ми е само Диаш на располагање“.

Сити се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 47 бодови, додека Ливерпул е лидер со 20 повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Шкендија ќе плати 500 евра за кршење врата во Кратово

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече неколку ка…