Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да остане без повеќето од планираните пехари. Тимот изгледа „истрошено“, па следното лето се најавуваат големи засилувања, но и одредени заминувања.
Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ја играат најслабата сезона откако се заедно. Тимот по долго време не делува шампионски, па многу се зборува за потенцијалните трансфери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе е познато дека некои познати лица ќе треба да го напуштат „Етихад“ летото, а тоа се Кевин де Брајне, Едерсон, Џек Грилиш и Кајл Вокер.
Подготвени се големи инвестиции од страна на раководството на Сити. Нема да се штеди на засилувањата, а одредени имиња кои Гвардиола ги посакува се веќе познати.
Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е момче кое го посакува половина Европа.
Средниот ред Пеп треба да го засили со Мартин Зубименди и Бруно Гимараеш, но постои еден човек кој е сон на шпанскиот стратег и се чини како недостижен.
Тоа е ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам. Во Сити се спремни да платат 190 милиони евра за услугите на одличниот фудбалер, но шансите Англичанецот да ги напушти „кралевите“ се многу мали.