Манчестер Сити има навистина лоша сезона. Испаднаа од Лигата на шампионите од Реал Мадрид веќе во шестнаесеттина финалето, а во Англија нема да ја одбранат титулата бидејќи заостануваат речиси 20 бодови зад лидерот Ливерпул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сезоната за заборав на „Етихад“, но Пеп Гвардиола има секако „кредит“ кај управата на клубот, па така што ќе го води клубот и во наредниот период.
Пред нас е возбудливо лето на „Етихад“, во тоа нема сомнеж, „Граѓаните“ ќе направат реконструкција на тимот.
Се очекуваат заминувања, но и нови засилувања во редовите на Манчестер Сити, а во моментов Пеп Гвардиола има една голема желба.
Според пишувањата на англиските медиуми, Гвардиола сака во редовите на Сити да го донесе 22-годишниот бразилски стопер Мурило кој оваа сезона експлодираше во дресот на Нотингем Форест.
Тековната вредност на Мурило е 50 милиони евра и договорот со Нотингем му трае до јуни 2029 година.