
Оваа сезона Манчестер Сити не личи на тој кој сме навикнати да го гледаме последните неколку години.
Она што најмногу ги загрижува навивачите, но и управата, освен заостанувањето зад Арсенал, е променливата игра на овој тим.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Никако Гвардиола да воспостави рамнотежа и да престанат да се случуваат киксовите кои се случуваат се почесто.
Сити во неделата повторно направи кикс, овој пат на гости кај Тотенхем, и се оддалечи од Арсенал.
По периодот во кој изгледаше дека работите тргнале во добар правец, повторно се појавија проблеми.
Лошата серија на Сити донесе информации дека Гвардиола му се подготвува карта во еден правец, и дека нема да биде тренер на овој тим следната сезона.
Сепак, Пеп не сакаше да зборува за тоа, но даде еден многу интересен одговор на прес конференцијата.
Одлучи Гвардиола да испрати силна порака до навивачите на Арсенал, но и до Микел Артета.
“Играме против првакот. Арсенал не е првак, Ливерпул е првак”, рече Гвардиола.