Дома Фудбал Губитнички менталитет: Управата на Јунајтед повторно не му верува на тренерот

Губитнички менталитет: Управата на Јунајтед повторно не му верува на тренерот

Манчестер Јунајтед не може да воспостави континуитет во функционирањето и тренерите на клупата токму поради оваа причина. На „Олд Трафорд“ веќе размислуваат кој би можел да го замени Рубен Аморим.

Вистина е дека на португалскиот стручњак не му цветаат розите на клупата и дека не е баш како што се очекуваше, но тој само што седна на клупата на екипата која е во големи проблеми. Аморим, ниту било кој друг тренер нема волшебно стапче со која би ги отстранил проблемите, но во Јунајтед очигледно се нетрпеливи.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Имено, управата на „Црвените Ѓаволи“ веќе размислува за следниот тренер, ако ситуацијата со Аморим не се подобри. На списокот се најдоа дури и тренери кои не постигнале големи успеси со клубовите, особено Хулен Лопетеги и Јоаким Лев, кој долго време беше тренер на репрезентацијата на Германија.

Трет кандидат е Масимилијано Алегри, кој негувал многу дефанзивен фудбал во Јувентус, нешто што би било тешко прифатено во Премиер лигата на високото ниво.

Навистина, најблаго речено чудно е како функционира Манчестер Јунајтед од заминувањето на Алекс Фергусон. Се смени и управата, но очигледно дека навиките, пред сè оние лошите, не се променети воопшто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо се огласи за обвинувањата за расизам: Нема да се спуштам на нивно ниво

Португалскиот тренер Жозе Мурињо даде големо интервју за англискиот Sky Sports, во кое збо…