Дома Фудбал Груб одговор на расизмот: Сигурно жена му го изневерила со црнец

Груб одговор на расизмот: Сигурно жена му го изневерила со црнец

Поранешниот бразилски фудбалер Фелипе Мело застана во одбрана на својот сонародник Винисиус Жуниор, после шпекулациите дека фудбалерот на мадридскиот Реал беше жртва на расистички навреди од страна на Џанлука Престијани во дуелот со Бенфика.

Аргентинскиот крилен играч во еден момент го покри лицето со дресот и му се обрати на ѕвездата на „кралскиот клуб“, која веднаш истрча до судијата и се пожали на расизам. Се зборува дека офанзивецот на португалскиот гигант му рекол – „мајмуну!“ (моно).

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Престијани ги негира овие тврдења и на судијата му кажал дека му се обратил на ривалот со „брате“ (хермано), а потоа и на социјалните мрежи ја отфрли можноста за негова грешка. Во негова одбрана застана и Бенфика, која вели дека играчот е олицетворение на фер-плеј.

Мело многу импулсивно го коментираше инцидентот од Лисабон и се осврна на приватниот живот на Џанлука, иако истрагата сѐ уште не е завршена.

„Оган за расистите, како и за сите вас кои го поддржувате тоа. Сигурно жена му го изневерила со црнецот! Вини може да го прослави својот гол како што ќе посака, не сакаше да испровоцира никого“, напиша 42-годишникот на својот профил. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓачот на Интер на Ноу Камп!

Според Калчомеркато, Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Интер. Маркус Тирам е на л…