Дома Фудбал Грилиш: Во изминативе две години изгубив страст за фудбалот

Грилиш: Во изминативе две години изгубив страст за фудбалот

Евертон во недела, после 133 години од отворањето на стариот стадион Гудисон Парк, започна нова ера на сјајниот нов стадион Hill Dickinson, со огномет и голем син облак од чад, со победа против Брајтон 2:0.

Џек Грилиш асистираше при двата гола.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По натпреварот тој изјави дека е среќен што повторно игра и дека во последно време, особено додека беше во Манчестер Сити, ја изгубил страста за играта. „Најважно за мене беше да дојдам тука и да уживам во фудбалот, да уживам во играњето секој ден“, рече Грилиш за beIN Sports.

„Мислам дека можеби во изминативе две години понекогаш ја изгубив страста за фудбалот, не дека целосно ја изгубив, туку едноставно не уживав во играта онолку колку што требаше.

Моето семејство ми го кажуваше тоа кога бев дома и слично. Тоа не се должи на никој друг, туку на мене самиот. Но да, апсолутно го сакам фудбалот и сакам повторно да го имам тоа чуство кое го имаш на денот на натпреварот и едвај чекаш да излезеш на терен. Така се чувствував денес и се надевам дека тоа се забележа во мојата игра,“ заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во игра е уште еден шокантен трансфер од Дортмунд во Баерн Минхен?

Баерн Минхен сериозно разгледува можности за позицијата стопер, а меѓу кандидатите е и …