Дома Фудбал Готово: Рома се договори со новиот тренер!

Готово: Рома се договори со новиот тренер!

Позицијата на тренерот на Рома за следната сезона е еден од најзначајните моменти за италијанскиот фудбал, а актуелниот предводник на “волчицата”, Клаудио Раниери, потврди дека името на новиот тренер на престолнината е веќе определено, само претседателот го чека вистинскиот миг за да го објави тоа пред јавноста.

Во текот на неделата се прошири веста дека Јирген Клоп ќе ја преземе Рома, но тоа се покажа како неточно. Навивачите можат да бидат спокојни бидејќи, според сигурни извори на Раниери, одлуката е веќе донесена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Сè е завршено! Останува само претседателот да одлучи кога ќе го објави. Дури и братот ми се јави да ми постави прашања. Секој се интересира кој би можел да биде”, изјави Раниери за “Република”.

Да потсетиме, до крајот на сезоната во италијанското првенство останува уште едно коло, а Рома ќе ја затвори сезонава со натпревар против Торино оваа недела вечер.

Во дуелот со тимот од најголемиот град на Пиемонт, на Рома и се неопходни бодови и грешка на еден од конкурентите за да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Фото: AS Roma/x
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…