
Шпанецот ја стекна легендарната репутација со својата работа и резултатите во Манчестер Сити, но како што е обичај во фудбалот, неколку лоши резултати и веќе е минато.
Официјално, сè уште, Пеп Гвардиола е шеф на стручниот штаб на Граѓаните, но според коментарите сопствениците на клубот ќе имаат долга ноќ.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, по катастрофалниот пораз од Бодо/Глимт и Манчестер Јунајтед, навивачите се разочараа, а како главен виновник го гледаат токму Гвардиола.
Неговото управување со политиката на трансфери и новиот тим на Манчестер Сити е неразбирливо за навивачите, па на клупата сакаат ново лице.
Нивната желба е тоа да биде Луис Енрике.
Човекот кој веќе докажа дека знае да освојува титули е единствената личност која навивачите сакаат да ја видат на клупата на тимот од синиот дел на Манчестер.
Интересно, Енрике моментно е под договор со ПСЖ, но се чини дека таа соработка ќе заврши на лето.
Токму тоа навивачите го гледаат како одлична можност раководството на Манчестер Сити да ја искористи за да го доведе актуелниот првак на Европа на клупата.