Дома Фудбал Готово: Манчестер јунајтед пронајде клуб за најскапото промашување

Готово: Манчестер јунајтед пронајде клуб за најскапото промашување

Антони (24), десно крило на Манчестер Јунајтед, заминува до крајот на сезоната во Бетис. Позајмицата е на шест месеци без можност за откуп. Бразилецот ќе се врати во Јунајтед во јуни. Сè е договорено помеѓу сите страни и останува само играчот да го помине медицинскиот преглед во својот привремен клуб. Ова го потврдува Фабрицио Романо, означувајќи го како „Here we go!“, знак дека трансферот е практично завршен. Најдоверливиот извор за трансфери потврди дека Јунајтед барем до крајот на сезоната ќе се ослободи од најскапото засилување во историјата.

Антони беше купен летото 2022 од Ајакс за дури 95 милиони евра отштета, со плата од еден милион евра месечно. Во две и пол години во Јунајтед, Антони на 96 настапи постигна 12 гола, а пет пати асистираше. Неговиот учинок е мизерен во споредба со тоа колку клубот плати за него. На пример, во оваа сезона настапи само 14 пати, од кои само трипати беше стартер. Единственото остварување му е голот против третолигашот Барнсли во првата рунда од Лига Купот.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Договорот со Јунајтед му е до летото 2027 година, но клубот на него веќе подолго време не смета. Сака да го продаде, но слабата форма на Антони и високата плата ги одбиваат потенцијалните купувачи. Дури и Бетис се согласи да го земе само на позајмица, и тоа така што Јунајтед до крајот на позајмицата покрива поголемиот дел од платата на Антони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Јуве изненади со новиот имиџ: Изгледа како да има 50 години!

Федерико Бернардески е ѕвезда на Торонто и еден од најплатените играчи во американската МЛ…