
Кевин Де Брујне се огласи на социјалните мрежи по вчерашнoto дерби помеѓу Милан и Наполи, притоа изненадувајќи ја фудбалската јавност со неговата порака упатена до Лука Модриќ.
Дербито од петтото коло на италијанската Серија А, кое се одигра на Сан Сиро, ги оправда очекувањата, а Росонерите на крајот славеа со 2:1 против Наполи.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Милан беше одличен во првото полувреме, водејќи со 2:0 по головите на Саелемакерс и Пулишиќ. Наполи успеа да намали на 2:1 благодарение на пеналот на Де Брујне во 60-тата минута, што се покажа како конечен резултат на натпреварот.
Имено, Де Брујне беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност со неговата објава на социјалните мрежи денеска.
Искусниот белгиски играч за врска сподели неколку фотографии снимени по завршувањето на натпреварот, кога имаше кус разговор со Лука Модриќ.
На крајот на мечот, Де Брујне и Модриќ имаа срдeчна средба, а белгијскиот фудбалер ги воодушеви сите со својата порака на социјалните мрежи, дури користејќи и наш јазик.
“Сите уживаат во добриот фудбал. Убаво е да те видам, брате”, напиша Де Брујне во својата објава.
Секако, потегот на играчот на Наполи ја освои фудбалската јавност, што се гледа и во коментарите каде фановите имаа само пофалби за Де Брујне и Модриќ.